НБА лига: Сигурни победи на фаворитите за највисок пласман

од Vladimir Zorba
143 прегледи

 

Трите главни фаворити за шампионскиот трофеј во НБА лигата, остварија победи на натпревараите кои се одиграа ноќеска.

нбаа

Тандемот Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс кој постигна 21 поен му ја донесоа на шампионот Кливленд десетата победа и тоа совладувајќи го Детроит со 104-81.

Тимот на Голден Стејт славеше победа на гостувањето кај Бостон со 88-104. Во победничкиот тим Клеј Томсон оствари 28 поени, додека Кевин Дурант беше стрелац на 23 коша, а имаше и 10 скокови, додека Стив Кари средбата ја заврши со 16 поени.

Екипата на Оклахома Сити предводена од Расел Весбрук кој оствари дабл-дабл учинок од 30 поени и 11 скокови славеше убедлива победа над Бруклин со 124-105.

На останатите средби беа постигнати овие резултати: Шарлот – Атланта 100-96, Индијана – Феникс 96-116, Њу Орлеанс – Портланд 113-101, Далас – Мемфис 64-80, Денвер – Торонто 111-113 (по продолжение), ЛА Лејкерс – Сан Антонио 107-16 и Сакраменто – ЛА Клиперс 115-121.

Табела – Источна конференција: Кливленд 10-2 (победи-порази), Атланта 9-3, Шарлот 8-3, Торонто 8-4, Чикаго 8-4, …

Табела – Западна конференција: ЛА Клиперс 11-2 (победи-порази), Голден Стејт 10-2, Сан Антонио 10-3, Оклахома 8-5, Мемфис 7-5, Хјустон 7-5, ЛА Лејкерс 7-6/МИА