НБА: Сан Антонио безмилосен кон Лејкерс

од Vladimir Zorba
120 прегледи

 

Сан Антонио Спарс го одигра најефикасниот меч сезонава, откако му даде 134 поени и убедливо со 40 поени разлика го победи Лос Анџелес Лејкерс.

Леонард беше лидер во победлничката екипа со 31 кош, Пау Гасол запиша 22 поени, а Тони Паркер заврши со 13 поени.

Голден Стејт стигна до 34 победи во 40 натпревари, откако со 127:107 го победи Детроит Пистонс. Најзаслужни за убедливиот триумф е триото, Дјурант, Кари и Томпсон. Кевин Дјурант заврши со 25 поени, Кари имаше еден помалку, а Томпсон 23 поени.

Шутерско шоу имаше и на мечот во кој Денвер со 140:112 ја победи Индијана.

Резултати од синоќешните натпревари: Бруклин – Њу Орлеанс 95:104, Њујорк – Чикаго 104:89, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 134:94, Феникс – Далас 108:113, Голден Стејт – Детроит 127:107, Денвер – Индијана 140:112/МИА