НДИ: Заев е популарен од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

од Берта Китинска

Според најновата анкета спроведена за Националниот демократски институт (НДИ) на прашањето „Доколку партиите без коалиции би учестувале на избори, за која партија би гласале?“ за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 14% од граѓаните, додека за СДСМ 10%, за ДУИ и Левица  се опредлиле 5%  додека за Алијанса за Албанците 4% од граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најмногу доверба?“, 8% од граѓаните одговориле Зоран Заев, 5% одговориле Хриситјан Мицкоски, 4% од анкетираните имаат најмногу доверба во Стево Пендаровски, исто толку му веруваат и на Димитар Апасиев. Ист рејтинг од по 2% делат и Зијадин Села и Али Ахмети. 18% од граѓаните одбиле да одговорат на ова прашање а 53% немаат доверба во ниту еден политичар.

Слични содржини