„Не без причина Скопје е наречен Лас Вегас на Балканот“: Главниот град меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот

„Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот ‘Воин на коњ’ со фонтана“, стои во листата на списанието „Тајмаут“

од Nikola Popovski
22 прегледи

Списанието „Тајмаут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.

„Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас на Балканот’. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот ‘Воин на коњ’ со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар – Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.

За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.