Австриските власти го одбија барањето за азил на тинејџер од Авганистан бидејќи не им изгледал доволно геј.

18 годишното момче побарало азил во долна Австрија велејќи дека се плаши од прогон во својата земја поради фактот дека е хомосексуалец… Австрискиот весник Дер Фалтер објави дека службеникот за имиграција го одбил неговото барање, а во извештајот напишал:
„Начинот на кој одите, се однесувате и облекувате не покажува ни најмали индикации дека би можеле да бидете хомосексуалец“.
Дер Фалтер објави дека тинејџерот, кој во Австрија дошол како малолетник, ќе се жали на одлуката на локалните власти.