Не е грешка што Арсовска не го презема парното греење, вели Мицкоски

од Берта Китинска
196 прегледи

Не мислам дека е грешка што Градот Скопје не го презема парното греење, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

-Работата е 12 и 5, а не 5 до 12.Некој ја направил работата таква каква што ,е со неодговорно однесување. Ако некој водеше сметка можеби ќе требаше технички да се смени системот на мазут. Сега веќе не зборуваме за екологија, туку за како да се затоплиме.Сега мерните единици ќе соборуваат рекорди, рече Мицкоски.