Не е изгласана недоверба на Владата

од Nikola Popovski
365 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се обрати на седницата, на која беше предвидено да се гласа за (не)доверба на Владата.

-Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена, рече Џафери во своето обраќање, кој мораше повторно да се врати во Собранието за да ја затвори седницата.

Во Собранието беа присутни само пратеници од владејачкото мнозинство, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Артан Груби, министрите Радмила Шекеринска, Горан Милевски, Нусрет Нуредини и други.

Слични содржини