Не е потврден сомнежот за неправилна дезинсекција во Скопје

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Антикорупциската комисија не го потврдила сомнежот од анонимен подносител на пријава кој тврди дека во Скопје се правела несоодветна дезинсекција односно против комарци е прскано од воздух со средство што е наменето само за аплицирање на земјена површина. ДКСК утврдила дека нема изрична забрана за користење на средството од воздух.

Софија Пејовска-Дојчиновска, член на ДКСК, денеска на седница на Комисијата соопшти дека по пријавата отвориле предмет за кој документи со податоци и информации во врска со овие наводи побарале и ги добиле од неколку институции: Град Скопје, Министерството за здравство – Сектор за хемикалии, Центарот за јавно здравје, Бирото за јавни набавки, како и независно стручно мислење од експерт од Природно-математичкиот факултет.

Таа рече дека ги проверувале и оригиналните декларации/упатства на средството употребено за дезинсекција и дека во нив не е наведено дека е забранета неговата употреба од воздух.

– Не е потврдено дека средството мора да се аплицира по земја, а дека не може да биде за аеродезинсекција. Во ниедна декларација тоа никаде изрично не стои. Постои дека се препорачува аплицирање од земја, но не дека е забрането од воздух, рече Пејовска-Дојчиновска.

Додаде дека треба да се има предвид и фактот дека Град Скопје има огромни површини за апликација на средството и поради тоа не е можно дезинсекцијата да биде само по земја.

Слични содржини