Не Европа и на светот не им треба уште една Босна на Балканот, кажа Мицкоски

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека темата на евентуалната лидерска средба треба да бидат актуелните проблеми во однос на економската состојба и ниските приходи на граѓаните.
Во врска со барањето од партијата Беса, за промена на уставната формулација 20% во Уставот, Мицкоски појасни дека пострашно било формирањето на дводомен парламент.

„Пострашно беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците на албанските партии, а тоа е формирање на дводомен парламент, што би значело де-факто и де-јуре федерализација и мислам дека тоа е многу погрешен потег, односно нарушување на унитарниот карактер на Македонија. Мислам дека ниту на Европа ниту на светот, не им е потребно уште една Босна на Балканот, уште една нефункционала држава, рече Мицкоски, додвајќи:

„Јас споменав да разговараме и за Бадентерот, споменав да разговараме и за Балансерот, да разговараме за намалување на тој праг од 20% на 5, на 10, 15%, ако сакаме да бидеме навистина граѓанско општество, па и Турците, и Бошњаците и Ромите да можат во општините каде што се повеќе од тие проценти да зборуваат на својот мајчин јазик, бидејќи суштината на Рамковниот договор е таа. Суштината на Рамковниот договор е да го покаже мултиетничкиот карактер на Македонија, а не да ја направи Македонија бинационална држава, за тоа сме против”.

Слични содржини