Не генот туку човекот кој живее со вас влијае на вашето здравје

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Начинот на живот влијае исто толку силно како и гените. До овој заклучок дошле научниците во Велика Британија.1d60fbac517f363fde4ced70f56d17df

Според нивно истражување, објавено во Nature Genetics, навиките на едно семејство, поделбата на еднаква oколина е исто толку важна како и генетиката, кога станува збор за здравствената состојба на семејствата.

Специјалистите проучувале повеќе од 500 илјади лица во Велика Британија. Тие зеле предвид роднини, блиски и посвоени деца.

Специјалистите обратиле внимание на 12 од најчестите болести, меѓу кои висок крвен притисок и болести поврзани со срцето. Во листата влегуваат и најраспространетите видови рак и невролошки болести.

Станало јасно дека поврзаните фактори со членовите на семејството можат да имаат значително влијание врз ризикот од некои болести. Главниот фактор кој влијае за слични резултати, е истата навика во исхраната.

Според проф. Хејли од Единбург, влијанието на гените врз ризикот од болести е преценет. Посилно влијаат навиките на луѓе кои живеат под еден покрив.