„Не ги лутете“: Внимавајте со овие хороскопски знаци

од Берта Китинска
941 прегледи

Овие шест знаци се непредвидливи и крајно опасни.

Овен

Овенот е личност oд акција која многу тешко се справува со своите емоции. Во најдобрите денови, тој е енергичен, ентузијазмот е на својот врв, возбудата расте, но кога нешто ќе го налути, подобро е му се тргнете од видот.Овенот често има потреба да „удри нешто“, чисто за да го отстрани вишокот енергија.

Шкорпија

По природа, Шкорпија е чувствителна, несебична и мистериозна личност. Таа е одлична во криењето на гневот, се додека чека добар момент да го ослободи. Таа внимателно ги избира своите зборови кога сака да ја повреди личноста на која и е лута.Кога некој ќе ја налути Шкорпија, таа чека совршен момент за да се одмазди. Нејзината одмазда е застрашувачка и долго размислувана.

Бик

Како по правило, Бикот е мирен и опуштен, па ги изненадува сите кога ќе му дојде крајот на трпението. Такво ниво на лутина може да дојде само од Бик. Тој е трпелив, но до одреден степен.Бидејќи никој не очекува вакво однесување од Бик, се изгледа многу полошо.

Лав

Лавот е доста демонстративна личност, што не е добро кога е обземен од гнев. Лавот е сигурен во себе, и ако некој се обиде да го понижи, тој ќе стори сé за да покаже како никој не треба да го допира еден Лав.Од друга страна, никој не може да го заплаши Лавот. Живее за драма, не се воздржува и секогаш го кажува она што го мисли, колку и да е непријатно.

Девица

Иако Девицата е прилично интровертна личност, никој не ја потценува нејзината природа. Сепак, Девицата ќе страда долго време пред да експлодира.Таа е трпелива, но нејзиното трпение има рок на траење. Таа е внимателна кон сите, но кога ќе дојде моментот, никој не знае подобро од Девицата да ја уништи личноста што ја заслужила.

Рак

Ракот е еден од најљубезните хороскопски знаци. Но, тоа не значи дека има мирен став. Тој е чувствителен и емотивен по природа, но гневот не му е туѓ. Ако се случи некој од саканите да биде загрозен, Ракот ќе стори сé за да се одмазди.

Слични содржини