„Не грижете се ако по прележан ковид немате антитела, заштитата сепак постои“

од Берта Китинска

Пулмологот Дејан Докиќ во вчерашното гостување во емисија на Канал 5 телевизија појасни дека луѓето кои по прележувањето на Ковид-19 воопшто немаат антитела, сепак имаат заштита од вирусот во иднина.

-Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени, вели д-р Докиќ.

Тој смета дека допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид.

-Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат, вели д-р. Докиќ.

Слични содржини