Евроамбасадорот Самуел Жбогар се придружи на граѓаните кои со оро го прославија Денот на независноста на владината прослава во Градскиот парк во Скопје.
„Не можев да се воздржам, да не се придружам на орото за мојата омилена песна – Македонско девојче“, напиша Жбогар на „Твитер“.

Денеска се одбележуваат 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година, на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Централната прослава во организација на Владата на РСМ се одржа во Градскиот парк во Скопје, кај Школка.Свое обрааќње во името на Владата на С Македонија имаше премиеорот Зоран Заев.
Денес Северна Македонија својата независност ја потврдува во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО и како кандидат за членство во најсилната економска заедница – ЕУ, рече премиерот Заев во денешното обраќање. Тој порача дека Преспанскиот договор е достоинствен, и со него е обезбедена недвосмислена потврда за македонскиот јазик и идентитет. Најголемите проблеми се зад нас, порача Заев.