Пред десет дена 53-годишната Меланија Трамп објави дека нејзината мајка Амалија Кнавс починала на 78-годишна возраст. Веќе е познато дека Кнавс била тешко болна, па поради тоа Меланија во последно време ретко се појавува во јавноста, бидејќи целото свое време го посвети на грижата за својата мајка.
„Со голема тага морам да ја објавам смртта на мојата сакана мајка Амалија“, напиша Меланија на 9 јануари на X (поранешен Твитер), а вчера семејството се собра на погреб во епископската црква Bethesda-by-the-Sea во Палм Бич, Флорида, истата црква во која се венчаа Доналд и Меланија Трамп во 2005 година.
Меланија беше придружувана од нејзиниот сопруг Доналд и нејзиниот син Барон, како и нејзиниот татко Виктор Кнавс, кој ретко го гледаме. На погребот беа присутни и ќерките на поранешниот претседател од претходните бракови: Тифани Трамп и Иванка Трамп со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
На овој начин целото семејство и пружило поддршка на депресивната Меланија која била исклучително приврзана за нејзината мајка.
За време на испраќањето, Меланија одржа трогателен говор пред толпата, не криејќи како нејзината мајка е нејзин пример: „Нејзиниот грижлив дух немаше граници и создаде наследство што ќе трае со генерации. Таа ги вртеше главите со својата убавина и непогрешливото чувство за стил. Но, нејзината непоколеблива лојалност и напорна работа ја направија исклучителна“, рече таа.