Нè ловат затоа што сме црнци: Леброн збесна заради снимката од брутално убиство на Афроамериканец (Вознемирувачко видео)

од Aleksandar Petrovski
197 прегледи

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, збесна откако го виде видеото за бруталното убиство на 25-годишниот Афроамериканец Ахмод Арбери, кое го потресе целиот свет.

Имено, Ахмод џогирал во близина на неговата куќа во Брунсвик кога двајца белци, татко и син, го убиле со огнено оружје.

Наскоро се појави видеото од бруталното убиство, кое го погледнал и Леброн, а потоа имаше што да каже.

– Нас буквално нè ловат! Секој ден, нон-стоп, веднаш штом ќе излеземе од удобноста на нашите домови. Ние дури и не можеме да одиме на џогирање. Што е ова, се заебавате со мене? Не, човеке, се заебавате со мене! Жал ми е, Ахмод (почивај во рајот), сите мои молитви и убави мисли се насочени кон твоето семејство – порача Џејмс.