Не може сите здравствени работници да ги ставаме во ист кош, вели Меџити после случајот Онкологија

од Nikola Popovski
622 прегледи

Првиот човек во здравството, Фатмир Меџити денеска порача дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош, во однос на скандалот на Клиниката за Онкологија. Тој посочи дека нашето здравство има врвни доктори и дека Министерството ќе направи се за нивниот углед да биде зачуван, како што е правилно и фер пред граѓаните.

Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментов немам информации, но и да имаме не можам да споделам поради предметот што го води Обвинителството и затоа се што ќе се донесе како одлука на крај, ќе биде јавно објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации околу случајот, вклучувајќи и со нивните семејства, кажа Меџити на брифинг со медиумите.

Министерот за здравство побара што побрзо да се стави крај на шпекулациите во однос на скандалот на Клиниката.

За враќањето на КАТО-системот и контрола на терапијата на Онкологија, Меџити истакна дека ги разгледал можностите, но се уште нема донесено одлука која што ќе биде во најдобар прилог за пациентите.

Слични содржини