„Не може за секој сој да воведуваме мерки“: Надлежните велат дека ситуацијата е мирна

од Берта Китинска
157 прегледи

Дополнителни рестрикции не се потребни, ситуацијата е прилично мирна, оценува министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека ковид центрите се празни и нема никаква оптовареност во болниците. Истакна дека ниту поради омикрон, ниту поради кој било друг сој не треба веднаш да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки.

– Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките,да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата изјави Филипче, додавајќи дека засега нема нов регистриран случај во земјата со ковид.

Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Слични содржини