Не можеше да ги сокрие солзите: Министерката за здравство се расплаче одавајќи им почест на починатите колеги (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
324 прегледи

Вероника Касадо, министерка за здравство на Кастилја, се расплака на крајот од маратонската средба на лидерите кои разговараат за коронавирусот, како и за лекарите кои ја загубија битката со оваа тешка болест.

Касадо прво почна отежнато да дише, паузирајќи меѓу зборовите, велејќи дека „пандемијата променила сè“.
Кнедлата која и застана во грло се обиде да ја отстрани со земање малку вода, но намерата не и успеа. Во моментот кога сакаше да им оддаде почит на колегите кои починаа, не можеше да зборува. Откако малку се смири, таа му оддаде почит на Изабел Мунјуз, Антониј Гутиерез, Фернандо Матеос, Марисол Сакрастан и Јоланда Хернандо, кои починаа во борба со опасната болест.

„Тие се соработници кои ги загубија животите во претходните недели … Извинете, ве молам“, рече вознемирената Касао.

После неколку секунди молчење, аплауз се слушна низ салата, а Касадо само воздивна и се обидуваше да ги задржи солзите.