Ако не сте ранобудник по природа, будењето наутро може да биде предизвик. Меѓутоа, ако сте спиеле само неколку часа, постојат неколку природни начини да се разбудите, а еден од најдобрите е туширање со ладна вода.
Д-р Мајкл Џej Брус вели дека туширањето со ладна вода не само што не буди, туку краткото и интензивно изложување на ниски температури е поврзано и со избалансиран воспалителен одговор, подобар сон, здравје на мускулите и зглобовите и подобро расположение.
– Енергетските ефекти на ладното туширање се еднакви на времето изложено на студот, така што колку подолго можете да толерирате ладен туш, толку подобро – рекол Брус.
Генетичарот од Харвард, д-р Дејвид Синклер, додава дека ниските температури го активираат и производството на таканаречената кафена маст – ткиво кое согорува калории, создава топлина и управува со температурата на телото.
Ако никогаш претходно не сте биле под ладен туш, д-р Брус вели дека ќе бидете шокирани за прв пат, но телото многу брзо се навикнува на тоа. Ако ова е премногу предизвик за вас, еве неколку совети.
1. Попрскајте го лицето со ладна вода
Брус забележува дека прскањето на лицето со ладна вода има слични ефекти како ладниот туш.
2. Завршете го туширањето со ладен млаз
Туширајте се како и обично и завршете со ладен млаз.
3. Накратко пробајте ледена када
Ако тоа не ви е премногу, можете целосно да се потопите во ладна вода неколку секунди.