Сакам да им пратам едно пораче на СДСМ проткаено со мудра маалско-уличарска филозофија, пошо неаме прилика да се видиме на друг начин: Дечки и девојки, не можете против силеџии постојано да се поставувате реактивно, оти ќе ви ја онадат мамата. Мора да бидете проактивни, валкани и непредвидливи во следните чекори.

Они нека се тресат, а не вие. Во политиката победува оној што сам го бира местото, времето и начинот на делување. Вака вие само реагирате на нивните акции. Премногу слушате сугестии однадвор. Аеродромски кажано, на силеџии мора да им влезете со тупаници кога најмалку очекуваат. Оти и вака и онака, тие од власта нема да отстапат и заедно со нивните приврзаници ќе стануваат се понасилни и посигурни ако играте ферплеј со нив и жмурки во парламентот.
Извинете вака што ви солам памет, ама почнувате на сите да ни одите на нерви со турскава серијава наречена “Мирно примопредавање на власта”.
За советов не ми должите ништо, Сорос ми плати.
Сашо Тасевски
фејсбук статус