Американскиот еврејски милијардер Џорџ Сорос често е на мета на многу заговори, но исто така и на лидерите на земји кои го обвинуваат за “наводни уривања на политичките етсблишменти.”

Џорџ Сорос е еден од најактивните политички луѓе во светот, иако не е политичар. Преку своите невладини организации, како на пример познатата “Фондација Отворено општество” има влијание во земји на сите континенти. Неговата фондсација укажува дека за кои цели се залага за зачувување на демократијата, човековите права, слободата на говорот, малцинските права и ЛГБТ заедницата, медиумите …
Во овој регион, за прв пат во поширока смисла за него се слушна воа деведесеттите години, кога беше нападнат во говите на хрватски претседател Фрањо Туѓман.

ХДЗ го етикетираше како “зол”, бидејќи неговата НВО “Отворено општество”, финансира независни медиуми, кои го критикуваа “татко на хрватската држава.” Најпознат меѓу нив беше и “Ферал Трибјун”, кој Туѓман ги нарекуваше “мал број на продадени бедни никаквеци”.
Во Србија Сорос дојде во центарот на вниманието по падот на Слободан Милошевиќ. Неделникот (New Statesman) пишува дека Сорос во текот на 90-тите години на 20 век, преку неговата фондација им помогна на опозициски групи во Србија, со повеќе од 100 милиони долари, нарекувајќи го “некрунисаниот крал на Источна Европа„.
Тие го обвинуваат за организирање на обоените револуции во Украина и Грузија, по 2000 година, со цел на власт да доведе “анти-руски лидери”.
Активности на Сорос во одредени земји често ги нарекуваат како “закана за националната цел”.
Најнов пример доаѓа од Унгарија, каде што Владата минатиот викенд нарача и постави постери низ целата земја со слика на Сорос на која пипува: “Не му дозволувајте на Сорос последен да смее„.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан Сорос го обвинува го искористил своето влијание за “насели милиони мигранти во Европа” и дека “ја притиска ЕУ да ја критикува Унгарија за своите миграционаполитика”.
Иронијата на конфликтот, е тоа што во 1989 година, Фондацијата Сорос ги финансира студиите на Орбан на Оксфорд.

Сорос не и се допаѓа и на израелската влада. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека “Сорос ја поткопува демократски избраната влада и го клевети Израел финансирајќи организации, кои ја срамат земјата и со тоа нејзе и го одземаат правото да се брани”.

Всушност, Сорос “Хјуман рајтс воч” често го критикуваат Израел поради “окупација на појасот Газа и за репресијата на Западниот Брег врз Палестинците”.
Тој се залага за воведување на економски санкции против Израел, бидејќи, како што вели тој, “нелегална изградба на населби за Израелци во Западниот Брег.” .
Од владејачката елита во Полска, беше прогласен за “мршојадец” и го обвинува за “поткопување на демократијата и слободата”, бидејќи по реформата на Уставниот суд, Партијата на правото и правдата освои апсолутна власт во земјата.
Сорос исто така е главен спонзор на Демократската партија во САД, а е противник на Доналд Трамп. Сорос, Трамповата победа ја нарече “катастрофа за САД”, и предвиде негово заминување од власта. Тој ја финансираше кампањата на Хилари Клинтон.

Она што е заедничко за повеќето од лидерите кои водат војна со Сорос е дека припаѓаат на десното крило на политичкиот спектар, Тие Сорос го нарекуваат “бабарога за десницата.”
Соросвите критичари сите овие обвинувања ги поткрепуваат со тврдењата дека милијардерот води вистински тајни заговори. Сепак, на веб страната на неговата фондација “Фондацијата Отворено општество”, може да се види колку пари и за кои цели дава оваа организацијата.
Кој е Џорџ Сорос?
Роден е како Ѓерѓ Шварц, унгарски Евреин. Сорос ја преживеа нацистичката окупација, а во 1946 година под окупација на Советскиот Сојуз, неговото семејство емигрирало во Англија/ Тогаш тој имал 16-години. Таму тој заврши на Лондонската школа за економија и во 1956 година се преселил во САД, каде што тој ја започнал својата кариера како “финансиски магнат„ и шеф на многу хеџ фондови.