92
Се слушнав со новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, му поскав среќа и успешност за двата народа, изјави вечерва во интервју за Тв Клан Македонија , премиерот Зоран Заев.
Не очекувам никакви сопки од грчка страна, ама за да нема сопки треба и ние да се вложиме, не зависи само од Грците.
Преспанскиот договр е историски и обезбедува перспективи за сите, немаме дилеми и покрај реакциите на нашата опозција. За нивните тврдења нашите граѓани се навикнаа на нивните лаги, бидејќи нивна единствена желба е само да дојдат на власт, но тоа нема да го урне договорот. Тие треба да соработуваат ,во интерес на Македонија, а ја имаат можноста да го направат тоа преку првиот чекор – законот за СЈО порача вечерва премиерот Заев.