Не постои бугарска влада која повторно би преговарала за францускиот предлог, тврди Чернева

од Nikola Popovski
221 прегледи

„Не гледам како може повторно да репреговаран т.н. француски предлог за РС Македонија. Сметам дека одложувањето на уставните измени е трагично губење време за жителите на земјата. Тие треба да имаат шанса да започнат преговори за членство во ЕУ“, изјавила бугарската експертка и советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева за бугарска „Нова“.

„Штета што нема промени во Уставот на Северна Македонија, каде што треба да се споменат и Бугарите. Преговорите веќе можеа да започнат“, смета таа.

Чернева оценува дека не постои бугарска влада која би почнала повторно да преговара за францускиот предлог.

„Преговорите што ги водевме беа со голема внатрешно-политичка цена“, додава експертката.

Таа гледа три опции за евроатлантската иднина на Македонија.

„Ако РСМ го врати процесот назад, ќе заостане со години. Втората опција е да почнат преговори со прифаќање на понудата. Третата опција е конечно да ѝ се сврти грб на европската перспектива на земјата“, појаснила Чернева.

Според неа, постигнатото треба да се искористи и надгради.

Слични содржини