Покрај премиерот Христијан Мицкоски и речиси целиот државен врв, во Кочани на едногодишната од трагедијата во „Пулс“, присуствуваше и лидерот на опозицијата, Венко Филипче. Тој оддаде почит кон прерано згаснатите млади животи, изразувајќи сочувство до нивните семејства.
Филипче посочи дека не постојат зборови со кои може да се опише болката и тагата што ја чувствуваат родителите и најблиските на загинатите.
„Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот“, објави претседателот на СДСМ.
Една година подоцна, а болката сè уште е жива. Една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што однесе 63 млади животи и остави неизбришлива празнина во нивните семејства, пријатели и во целата држава…