Канцеларката Ангела Меркел сакала да им се заблагодари на пожарникарите доброволци, па ги побарала на телефон. Но, првиот повик не поминал онака како што таа се надевала.
Меркел минатиот понеделник во 19 часот се јавила во пожарната одалечена на 200 километри од Берлин, а ѝ се јавил командантот Андре Мусвик. Кога Меркел се претставила, тој не поверувал, мислел дека е предмет на шега на некоја радиостаница. Кратко и рекол дека нема време за шеги и ѝ спуштил слушалка.
„Не сакав да бидам предмет на шега и веднаш го завршив разговорот“, рекол тој.
Меркел сепак не се откажала. Нејзината канцеларија за медиумите се јавила во станицата и објаснила дека навистина канцеларката била таа која ги побарала.
Командантот на брзина ги собрал колегите кои со задоволство ја слушале канцеларката.
Имено, Меркел прочитала дека пожарникарите по негативниот тест на коронавирусот барале од командантот да се вратат на рабаота, иако имале право на боледување.