Не престанува да се тресе со денови: Турција ја погоди нов земјотрес!

од Nikola Popovski
179 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во источна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што е наведено, земјотресот се случил на два километри североисточно од градот Челихан во провинцијата Адијаман.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри.

Да потсетиме, во понеделникот на 6 февруари Турција и Сирија беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Според последните информации, во земјотресот загинале повеќе од 30.000 луѓе.

Слични содржини