Не сакаат на струја – Европјаните сакаат бензинци и дизелаши

од desk2
121 прегледи

Според новото истражување кое го објави Мазда, речиси 60 отсто од европските возачи и понатаму сакаат мотори со внатрешно согорување и гледаат позитивна идниа за бензинците и дизел моторите.

Низ истражувањето на Mazda Driver Project – спроведено заедно со агенцијата Ipsos MORI – анкетирани се 11.008 луѓе на клучните европски пазари, а просечно 58 отсто сметаат дека „се уште претстојат големи инвестиции и подобрувања на бензинските и дизел моторите“ (65 отсто во Полска, повеќе од 60 отсто во Германија, Шпанија и Шведска.)

Наведените резултати покажуваат дека потрошувачите не мора нужно да го делат мислењето на многу организации според кои моторите со внатрешно согорување немаат улога во иднината на автомобилите.

Тоа е дополнително поткрепено со фактот дека 31 отсто од возачите „се надеваат дека дизел автомобилите и понатаму ќе постојат“ во време додека електричните автомобили на станат побројни, со тоа што бројката во Полска се качува до 58 отсто.

Истовремено, во просек 33 отсто од возачите наведуваат дека ако трошоците би биле исти како за електричен автомобил, „порадо би одбрале бензински/дизел автомобил“ – во Италија дури 54 отсто изразиле вакво мислење.

Покрај замавот кој го добија автономните возила, само 33 отсто од возачите „го поздравува доаѓањето на самовзечки автомобили“ со тоа што поддршката во Франција и во Холандија падна на само 25 отсто.

Како иницијатор на ова истражување Мазда верува дека возењето е вештина која луѓето сакаат да ја задржат во иднина. Тоа е активност која може да биде забавна и функционална, а мнгумина сакаат и идните генерации да ја задржат таа вештина.

Таквите размислувања и ставови секако се видливи и според резултатите од истражувањата кои покажаа значителна емоционална поврзаност меѓу автомобилот и возачот.

На пример, просечно 69 отсто од возачите „се надеваат дека идните генерации и понатаму ќе имаат можност да возат автомобили“ – таа бројка е дури 74 отсто во Полска и 70 отсто или повеќе во Велика Британија, Германија, Франција и Шведска.