Џенифер Анистон освои SAG награда за најдобра женска улога во драмската серија The Morning Show во Лос Анџелес.
На социјалните мрежи започна да кружи видео снимка од доделувањата на наградите на која нејзиниот поранешен сопруг гледа во телевизорот додека таа ја прима наградата. Тој не престанувал да се смее и да ја гледа заљубено. Освен тоа, се сретнаа и на на црвениот тепих. Иако се чинело дека Анистон го познравила и сака да си замина, нејзината рака „останала“ на градите на Бред, а тој како да не сакал да ја пушти.
We forever want to watch Brad watch Jen receive her Actor® #sagawards pic.twitter.com/4arINQhKQx
— SAG Awards® (@SAGawards) January 20, 2020
Тој момент се прошири на социјалните мрежи со неверојатна брзина и обожавателите на парот повторно се „заљубиле во нив“.
Анистон на наградите се појави во елегантен бел фустан, под кој не носела градник па и се надѕирале брадавиците. Фустанот, многумина ги потсети на венчаница, но одлично да нагласи одржаната фигура на актерката.
Во говорот се осврна на детството кога имала видеорекорден, но и се заблагодари на својата колешка Резе Витерспун со која игра во серијата.