Астролозите наведуваат дека три хороскопски знаци се одликуваат со тоа што ретко кој може да ги измами.
Хороскопот вели дека овие три знаци се „мајстори“ во тоа и дека не прифаќаат привидни вистини и не запираат додека не ја откријат вистината.
Скорпија
Скорпијата знае да чува тајна, но на другите им е тешко да сокријат нешто од неа.
Нивниот силен слух и рендгенска визија нема да пропуштат нечиј обид да ги измами или да ми прикрие нешто. Во откривањето на вистината, им помага интуицијата и способноста да откријат што се крие под површината, било да е тоа лажно лице на злонамерна личност или некаков несигурен изговор.
Како природни трагачи, Скорпиите имаат дарба да собираат информации од различни извори, да решаваат сложени загатки и да откриваат незгодни факти за другите.
Близнаци
Друштвени и љубопитни, тие сакаат да го пикаат носот во туѓите работи и да забележуваат детали кои повеќето други ги пропуштаат.
Бидејќи Близнаците знаат итро да испрашуваат, преку разговор можат да го извлечат од другите она што се обидуваат да го сокријат.
Дури и да им недостигаат некои информации, врз основа на тоа што го собрале, брзо ќе спојат два и два и ќе дојдат до правилни заклучоци.
Јарец
Остроумниот Јарец е одличен набљудувач. Ги собира, памти и ги организира податоците кои другите несвесно ги откриваат додека отстрана ги гледа нивните зборови, постапки и однесување.
Тој поставува клучни прашања, чие значење можеби не му е јасно на соговорникот, но ќе му помогне да добие увид во суштината на работата и да дојде до вистината.
Темелен, упорен и љубезен аналитичар со помош на собрани факти ќе најде скриени одговори и вистина. Тој знае кој е виновникот и пред крајот на криминалистички филм или книга, а вистината не може да се сокрие од нив.