Не се сакаат религиски, ама Турција и Иран се договорија за борба против “угнетувањето на доларот и еврото”

од desk3
97 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Ердоган најави дека Анкара и Техеран ќе ја интензивираат трговијата до $ 30 милијарди годишно и дека ќе тргуваат меѓусебно само во национални валути.

Image_4701282_407

“Ќе се избавиме од угнетувањето на доларот и еврото и ќе се порамнуваме со лири и риали, за да сме уште посилни”, рече тој во Техеран, каде што беше на покана на иранскиот претседател Хасан Рухани. Ердоган изрази желба да го зголеми увозот на природен гас од Иран, но инсистираше неговата цена да биде намалена. “Турција купува 90-95% од иранскиот гас, но тој ни излегува поскап и од рускиот, и од азербејџанскиот, затоа како братски земји треба да се договориме за нешто разумно”, рече Ердоган. цената не се објави официјално, но се претпоставува дека е $ 490 за 1000 кубни метри. Анкара води случај во Меѓународниот арбитражен суд со барање Техеран да направи попуст од 25%.

Односите меѓу Турција и Иран се заладени поради спротивставените ставови за војната во Сирија и поради обвинувањата на Ердоган дека Техеран ги вознемирува сунитските земји во Блискиот Исток.

Реџеп Ердоган и Хасан Рухани повикаа на итен прекин на огнот во Јемен и се изјаснија против секаква странска интервенција и верска радикализација на Блискиот Исток.