Не се воопшто наивни: Одете на лекар ако почувствувате некоја од овие главоболки

од Elena Daskalova
389 прегледи

Главоболката, каква и да е, не смеете да ја занемарувате. Важно е да ги детектирате причините кои ја предизвикуваат, но и да препознаете на кој вид припаѓа.

Unsplash

Некои главоболки воопшто не се опасни, но некои може да предизвикаат вистински проблеми и да претставуваат опасност за здравјето и животот.

Поради тоа, никогаш не ги игнорирајте следниве видови главоболка:

Главоболка од напнатост

Оваа е најраспространета главоболка, која во текот на животот речиси секој од нас ќе ја почувствува барем еднаш. Се појавува поради напнатост во мускулите и вратот, како и после замор и стрес. Болката може да биде слаба, умерена или силна во пределот на челото. Најчесто помага ако се релаксирате и се одморите.

Синусна главоболка

Поради инфекција на синусите може да се појави и навистина непријатна силна главоболка, според интензитетот слична на мигрената. Оваа состојба бара интервенција од лекар, затоа не смеете да одложувате.

Мигрена

За жал, многу луѓе мислат дека имаат проблем со синусите, дека биле изложени на провев, дека е од ладно, топло или од напнатост. Мигрената е состојба која се манифестира со пулсирачка болка, чувствителност на светлина, топлина и звуци, мачнини, повраќање, несвестици, отежнато спиење, па дури и халуцинации. Некои од причините се и метеосензитивноста, проблеми со хормонална рамнотежа, чувствителност на одредени состојки во храната или на цела група храна, а стресот може само да ја влоши состојбата. Затоа, постојано мора да бидете во контакт со вашиот лекар, за да ви советува кои лекови да ги изберете.

Кластер-главоболка

Оваа е многу ретка главоболка и е карактеристична по тоа што се појавува секој ден во исто време или на одредени временски интервали. Лекарите сметаат дека проблемот е во хипоталамусот. Најчеста е кај пушачите и кај консументите на алкохол.

Главоболка по физички напор

Оваа појава воопшто не е ретка и често е последица или на промените во крвниот притисок и циркулацијата или на напнатоста на нервите, евентуално на ударите кои спортистот ги претрпува за време на тренинг или натпревар.

Главоболка што личи на мигрена, а не е

Навистина, не постои поинаков начин да се опише. Свесни сте дека не е мигрена, бидејќи изостанува чувствителноста на мириси, звуци и светлина, но болката е неподнослива. Внимавајте, бидејќи токму ваквата болка може да е предупредувачки знак за тумор на мозокот, воспаленија или згрутчување на крвта.

Експлозивна главоболка

Се чувствувате како некој да ве удрил со тежок предмет во главата. Некогаш болката поминува за неколку минути, но некогаш трае со денови. Често, преминува во мигрена. Добро е вашиот лекар да биде информиран за ваквата состојба. Нападите се случуваат без никакво предупредување. Силната болка трае околу еден час, но остатоците од неа остануваат со денови.

Слични содржини