Не се за брак: Никогаш не застанале пред олтар, а не ни сакаат

Опра Винфри (66)

Една од највлијателните жени на светот веќе 34 години е во врска со едукаторот Стедмен Грахам, но парот нема намера да се венча. Токму поради тоа, околу Опра кружат гласини, меѓу кои е и онаа дека партнерот и е „параван“ бидејќи таа всушност е лезбејка. Водителката објаснала дека не сака да биде у брак бидејќи и двајцатаимаат „традиционални“ погледи во врска со тоа што значи да се биде сопруга и сопруг.

– Никогаш не би можела да се вклопам во таа улога – рекла Опра во една прилика.

Леонардо ди Каприо (45)

Откако актерот Џорџ Клуни се скраси со правничката Амал, Леонардо гордо ја носи титулата „вечен ерген“. Но, на Лео не му недостига акција на љубовен план, а често е гледан во друштво на познати манекенки. Најдраги му се ангелите на Викторија. Лео, имал неколку сериозни врски, но ниту една од нив не успеала да го „улови“.

Џон Хамм (48)

Актерот е познат по тоа што не сака брак. Токму тоа, наводно, е причината поради која ја прекина 18-годишната врска со Џенифер Весфелдт. Се шушкаше дека Џенифер сака да има деца, а Џон не. За себе вели дека е нарцисоиден, но дека настојува да биде добар партнер.

Виона Рајдер (48)

Актерката која имавме прилика да ја гледаме во серијата „Stranger Things“ за себе вели дека е „сериски моногамист“. Виона имала низа долги врски, но никогаш не успеала на раката да носи венчален прстен.

– Подобро никогаш не би се венчала, отколку зад себе да имам неколку разводи – рекла таа во една прилика.

Виона тврди дека бракот и е потполно неважен“. Моментално е во врска со модниот дизајнер Скот Макинеј Хахн.

Слични содржини