Не се знае точната бројка на Македонци во Ирак, МНР презема информации преку дипломатски канали

од Aleksandar Todeski
383 прегледи

Македонците кои се наоѓале во базите во Ирак кои вчера беа нападнати со дванаесет ракети не се војници, туку контрактори кои не се надлежност на Министерството за одбрана, велат од таму во изјава за Локално.

Од Министерството велат дека нив ги третира Министерството за надворешни работи, бидејќи нивните договори се со агенции кои овозможуваат привремена работа во странство, а не со Министерството за одбрана.

Од МНР пак, велат дека не располагаат со конкретни податоци за бројот на државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Ирак. Бидејќи државата нема конзуларно претставништво во земјата, информациите за точната бројка ги преземаат преку дипломатски канали.

Од Министерството велат дека не знаат каков ангажман имаат лицата кои се во Ирак, бидејќи не била нивна надлежност и појаснуваат дека поспаката за вработување се води независно од институциите на државата.

А.Т.

Слични содржини