„Не сме за насилство“: Полицијата во САД оддаде почит и клекна пред демонстрантите (фото+видео)

од Nikola Popovski
250 прегледи

Полициските вооружени сили во САД искажале солидарност со демонстрантите кои протестираат поради бруталната смрт на Џорџ Флојд.

На социјалните мрежи биле објавени снимки и фотографии на кои се гледаат полицајци со маски на лицето како клекнуваат со едното колено заедно со демонстрантите.

Вакви сцени се видени во Њујорк, Флинут во Мичиген, Корал Гејблс во Флорида, Санта Круз во Калифорнија, Камден во Њу Џерси, Канзас Сити и Фергусон во Мисури, Фарго во Северна Дакота.

Двајца полицајци од Канзас Сити, едниот Афроамериканец и другиот бел, се фотографирани како држат транспарент на кој пишувало „Стоп за полициската бруталност“.

Неколку њујоршки полицајци клекнале заедно со мирните демонстранти на тротар и им оддале почит на починатите, пренесува „CNN“.

На снимката објавена на социјалните мрежи може да се слушнат скандирања на демонстрантите – „Благодарам“, упатени до полицијата.

https://www.youtube.com/watch?v=kOnvI2sM2QI&feature=emb_title