За да се истакнете на разговорот за работа некои фрази и прашања би било пожелно да ги избегнете.
Претприемачот и инвеститор Џејмс Кан во својот пост на „LinkedIn“ издвои пет работи кои не би требало да ги кажете на интервјуто за работа.
„Не знам“
Пред разговорот за работа истражете ги податоците за компанијата, а секако треба да знаете и што би можело да ве прашаат за вашата кариера и животот. Ако се појави некое неочекувано прашање, поврзете го одговорот со нешто што ви е познато.
„Колкава ќе ми биде платата“
Постои вистинско време и место кога се преговара за платата, а првото интервју не е тоа време и место. Не ја споменувајте платата се додека не ве прашаат колкав износ очекувате.
„Колкав годишен одмор имам“
Ако ја започнете темата за годишен одмор и слободни денови тоа само ќе го влоши впечатокот кој ќе го оставите.
„Не го сакам моменталното работно место“
Со прикажувањето на моменталниот работодавец во негативно светло испраќате сигнал дека вие сте „тешка“ личност со која не е лесно да се работи и соработува.
„Немам никакви прашања“
Важно е интервјуто да не биде водено само од едната страна. Всушност, поставувањето на прашања од ваша страна покажува дека вие сте навистина заинтересирани.