„Не сум кавгаџија“: Пауновски не дозволил рамковни вработувања бидејќи немало место

од Берта Китинска
406 прегледи

Екс-директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за емисијата „24 анализа“ влеи дека ако некој успее да ги смести доделените рамковни административци јавно ќе се извини и ќе му честита.

„Не сум кажал никого, туку сум барал и сум доставувал аргументи врз основа на кои, распоредот кој што ни е направен по програтама к-5, каде што на 247 луѓе доделени ни беа 35 лица, значи 15 отсто со еден потег, да ни се зголеми администрацијата“, вели Пауновски.

Според него, тие морале да преземат нешто, не да се спротивстават, туку да се објасни дека сето тоа не можеле да го спроведат со менаџерскиот тим, бидејќи не можеле да најдат место за рамковно вработените и како второ, најтешко им било да прифатат менување на систематизацијата, за да прифатат детективи во ДПИ.

„Поради тоа одлучивме на највисоко ниво да достаи писмо до државниот врв, но до денот кога бев директор се уште не беше одговорено. На обвинувањата дека не сум ги примил затоа што биле Албанци, велам дека не сум националист, живеам и работам со нив и во самиот менаџерски тим имавме и Албанци. Не сакам да се остави впечатокот дека сум кавгаџија“, објасни Пауновски, додавајќи дека ќе се извини до јавноста и ќе ѝ честита на новата в.д. на институцијата доколку може да ги прими 35-те лица, кои се распоредени за вработување.

Тој изјави дека би изненаден дека народот сака правда и му пружила поддршка.

„Ме изненади фактот што во државата, народот е жеден за правда и затоа што кога почна поддршката реков „Чекајте во 2017, пред да дојдам сме имале 700 неправилности. Денес имавме 7000 неправилности“, изјави поранешниот директор на ДПИ, Стојко Пауновски за емисијата „24 анализа“.

Според него, сите вработени во ДПИ се гордеат со тоа што граѓаните им дале поддршка и се надева дека наредната директорка ќе продолжи со истото темпо во интерес на граѓаните и државата.

„Не сум сакал да му пркосам на никого, тоа е изјава на премиерот, тој си го направил тоа. Јас само си ја барав правдата и ја штитам државата и институциите. Разрешувањето за мене не е казна, не ми е првпат да сум разрешен“, коментира Пауновски.

 

Слични содржини