Николовски: Пауновски го прекрши Кодексот за етичко однесување

од Берта Китинска

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски вели дека разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции.

– Како што во 20-на други случаи е постапено од нашат страна се констатирања прекршувањата на Кодексот и од страна на Кабинетот е доставено писмено известување до премиерот, согласно процедурата дефинирана во Кодексот, со сите опции кои ги дефинира членот 23 во случај на прекршување. Од страна на премиерот беше предложено на Влада да се покрене постапка за разрешување согласно член 10 од Законот за Државниот пазарен инепскторат, објасни Николовски

Николовски, информираше дека во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување.

Засега, се уште не е одлучено кој ќе дојде на местото на Пауновски.

Слични содржини