240
Утрово во Скопје, на повеќе локации во Центар и Чаир, како и по должината на кејот на реката Вардар, осамнаа поголем број на транспаренти со пораки насочени кон подигнување на свесноста за личната одговорност во борбата со коронавирусот.
Транспарентите, изработени на македонски и албански јазик, се поставени на мостови и надвозници на најфреквентни локации и се приметува интенцијата на авторите дека сакаат да допрат до што поголем број на граѓани. Пораките се насочени кон сите граѓани, вклучително и оние кои имаа сомнеж во постоењето на ковид-19 вирусот и опасностите кои ги носи со себе.

Оваа иницијатива доаѓа во момент кога здравствените работници и соодветните државни служби водат огромна битка за зачувување на здравјето на граѓаните на Северна Македонија, но исто така и период во кој има бројни обвинувања во јавноста за непостапување на МВР и техничкиот министер Наќе Чулев во рамки на нивните надлежности за спроведување на мерките за заштита од вирусот.