Не заминала на конгрес во Бали: Кацарска му заштедила на Уставниот суд 14.000 евра

од Берта Китинска
183 прегледи

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска онлајн ќе учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, што се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

Според нивното соопштение, Кацарска била поканета да учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

-Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот.

Слични содржини