Не запираат критиките од германската индустрија за трговската спогодба ЕУ-САД

од desk2
16 прегледи Фотографија: Matti Blume on Wikimedia Commons - 6mar18 - CC BY-SA 4.0

Рамковната трговска спогодба ЕУ-САД, со кој најголемиот дел од извозот на ЕУ во САД – и обратно – ќе се царини со 15%, ја вознемири германската индустрија, која смета дека е неправеден.

Остра критика од Германија: Царинската спогодба со САД испраќа „катастрофален сигнал“

По реакцијата на Федерацијата на германските индустрии (BDI), која ја критикуваше спогодбата со која „се реши“ царинскиот спор меѓу ЕУ и САД, и оцени дека рамковниот договор испраќа катастрофален сигнал на економиите, реакции дојдоа и од германското Здружение на автомобилската индустрија (VDA).

Според неговата претседателка, Хилдегард Милер, американската царина од 15% на автомобилските производи, ќе ги чини германските производители милијарди евра секоја година.

Германската автоиндустрија е веќе под удар на не толку успешното преструктурирање кон електрични автомобили и на голем удар од конкуренцијата од Кина, така што ваквите суми воопшто не се ситен залак за неа.

„За секторот што е столб на германската индустрија, ова е дополнителен товар во многу неповолен момент“, вели Милер, додавајќи дека САД и понатаму претставува клучен извозен пазар за производителите на автомобили од Германија.

Мислење дека ЕУ не треба да ликува поради постигнатата спогодба за тргувањето со САД има и Карстен Брзески, главен економист на ING.

Според него, вчера објавената спогодба е всушност чекор назад, бидејќи се воведуваат царини и таму каде што досега ги немаше. Брзески вели дека ЕУ е јасен губитник во оваа ситуација.

„ЕУ ќе ги сноси негативните последици на овој договор. Ова изгледа како компромис за спасување на образот, но економски гледано, јасно е дека ЕУ губи, порачува Брзески.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отиде чекор понатаму и оцени дека Доналд Трамп „ја изел Урсула фон дел Лајен за појадок“.

Орбан ја исмејуваше Урсула фон дер Лајен поради царините

Некои европски лидери, како италијанската премиерка Џорџиа Мелони и германскиот канцелар Фридрих Мерц го „поздравија“ фактот дека е избегната царинска ескалација и ја оценија царината од 15% за „одржлива“ поголемиот дел експерти и индустриски сектори сметаат дека ЕУ склучила неповолен договор.

Реакции од Франција за трговскиот договор ЕУ-САД: Не е урамнотежен, ова не е крај на приказната