Не запираат! Земјотреси од 4.2, 2.7 и 3.7 степени во охридско!

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Земјотрес со јачина 4,2 степени според Рихтер е почувствуван во охридското епицентрално подрачје во 00:04 минути.

Епицентарот на земјотресот е 11 километри североисточно од Охрид и 6 километри источно од Косел, на длабочина од 2 километри.

Во 00:37 минути повторно земјотрес во истиот регион, со интензитет од 2,7 степени.

Потоа и во 00:54 минути, но овојпат со јачина од 3,7 степени според Рихтер.

Од 18 јуни до денеска во Охридскиот регион се регистрирани над 1.200 земјотреси.

Најсилниот регистриран земјотрес досега беше од 5 степени по Рихер кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а беа пријавени и помали материјални штети.

НАселението е вознемирено и граѓаните со постари куќи ноќите ги поминуваат во автомобили или во камповите. ЗА граќаните на Охрид  отоврени се воениот камп св Наум и извицничкиот камп во близина на Охрид.

Туристите се исто така вознемирени а се шпекулира и дека почнале откажувања на арнажмани з аоваа туристичка сезона.