Грчки воени извори денеска онјавија дека турска група која се спротиставува на Владата во Анкара презела контрола над фрегата во турската поморска база Голчук.
Грчки извори тврдат дека е киднапиран и командантот на турската фрегата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак денеска испрати СМС порака до претплатниците на турските мобилни мрежи, со која ги повикува да излезат на улица и да се спротистават на помал дел од воениот врв.
Тој во пораката исто така ги повикува граѓаните на Турција да „станат во одбрана“ на демократијата и мирот.
Турската Влада стравува од нов обид за воен удар
Пораката е потпишана со целото име на турскиот претседател, а како испраќач се наведува „РТ ЕРДОГАН“.
Претходно, Ердоган преку Твитер ги повика граѓаните да останат на улица со цел да спречат нов обид за воен удар./МИА