Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, еднаш се опиша себеси како „многу стабилен гениј“ и некој кој е помудар од политичката класа во Вашингтон.
АП објави дека Трамп сега тврди дека нема сознанија за некои од најтемните моменти во историјата.
Се известува дека, соочувајќи се со критики за неговата реторика каква што некогаш користеше Адолф Хилтер и пораката дека мигрантите кои доаѓаат во Америка илегално ја „трујат крвта на целата земја“, Трамп рече дека не знаел дека Хитлер користел слични зборови.
Нацистичкиот диктатор зборуваше дека нечистата еврејска крв ја „труе“ ариевската германска крв со цел да ги обезличи Евреите и да го оправда Холокаустот.
„Не знаев дека Хитлер го кажал тоа“, изјави Трамп за конзервативниот радио водител Хју Хјуит.
Тој повтори дека никогаш не ја прочитал книгата Mein Kampf која ја напиша Хитлер.
„Не знам ништо за Хилтер. Не знам за што зборувал Хитлер освен она што го видов на вестите. А тоа е многу различно од она што јас го кажав“, рекол Трамп.