Не знам зошто мене ме прашувате, прашајте го Бислимоски – рече Мицкоски за поскапувањето на струјата

Мицкоски го упати Филипче да го праша новиот член на ИО на СДСМ, Бислимоски кој што е брат на претседателот на РКЕ, за поскапувањето на струјата

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Зошто поскапување на струјата? Ова прашање најдобро ќе ви одговори новиот член на вашиот Извршен одбор, господинот Бислимоски кој што е брат на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. РКЕ по закон и Устав е независно тело, не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање. Претпоставувам дека треба да му го поставите на Марко Бислимоски и се надевам дека тој ќе ви даде подобар одговор од мене“, вели премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница како одговор на прашањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, премиерот истакна дека во енергетскиот сектор, претходната Влада оставила, како што вели, катаклизма која што доаѓа како комлимент.

За вчерашните изјави дека дел од луѓето си заминуваат од Македонија поради притисоци од т.н. „талог на општеството“, Мицкоски вели дека не рекол дека СДСМ и Филипче се талогот, но истакна дека добива навреди секој ден.

-Мислите дека со онаа платформа (МИЦКО.мк) ќе ни нанесете удар и ќе се почувствуваме нервозни и фрустрирани. Само дополнително им кажувате на граѓаните зошто седумпати губите избори и зошто пак ќе изгубите. На следните избори дебакл ќе ви се случи. Мој совет е да не дозволите да ве носат во длабокото, ќе се удавите, истакна премиерот од собраниската говорница

Слични содржини