Небиу: Интерпелација против Груби би предизвикала голема ескалација на внатрепартискиот судир во рамките на ДУИ

од Destan Jonuzi
206 прегледи

Најавената интерпелација од Движењето БЕСА против првиот вицепремиер и министерот за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби и евентуалната подршка на 2-3 пратеници од ДУИ, би предизвикала голема ескалација на внатрепартискиот судир во рамките на ДУИ, смета аналитичарот Бесим Небиу.

– Евентуална таква интерпелација предложена од БЕСА или друга опозициска пратеничка група, многу веројатно е дека би била подржана од Меџити, и можеби уште еден или двајца други пратеници на ДУИ кои припаѓаат на т.н “Огнена група“. Меџити ова многу експлицитно го најави пред неколку дена. Впечаток е дека преку неговата изјава токму сакаше да предизвика некоја од опозициските партии да побара ваква интерпелација на Груби. Интерпелацијата и евентуалната подршка на 2-3 пратеници од ДУИ, би предизвикала голема ескалација на внатрепартискиот судир во рамките на ДУИ, без разлика на исходот, односно дали истата би поминала во парламентот или не!, изјави Небиу за „Локално“.

Според него, тука веќе не се работи за тоа дали ќе помине или не интерпелацијата, туку со гласање против министри од својата партија, “Огнената група“ јасно и недвосмислено ќе го тестира лидерстовото на г-нот Ахмети и ќе го стави во ситуација да пресече, или да подлегне на притисокот, или пак да ја подели партијата.

– Ахмети е секако докажан искусен фацилитатор на различни групи на интерес во партијата, кој досега не подлегнал на отворени и јавни притисоци од овој тип, што ја прави ситуацијата сложена и за него, нгалси Небиу.

Д.Ј.

Слични содржини