Небиу: Партиите функционираат повеќе како „big tent“, отколку како идеолошки групации

од Destan Jonuzi
239 прегледи

Повеќето политички партии во Македонија немат идеолошка матрица и функционираат повеќе како таканаречени big tent (голем шатор) партии, отколку како идеолошки групации, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу, коментирајќи ги програмските и идеолошки определби и предлози кои произлегуваат од партиите на власт и опозицијата во општо, но со акцент на економскта, енергетската криза.

– Идеолошките одредници на политичките партии Македонија се декларативни и треба да се земаат со голема резерва. Се разбира, и нашите партии се создадени од луѓе со одредени заеднички социо-културни белези и заеднички интереси, но сепак во однос на дефинирање и водење на политики, сите се насочуваат кон покрактични елементи и функционираат повеќе како таканаречени big tent (голем шатор) партии, отколку како идеолошки групации. Затоа, можете да видите десни партии со политики кои се нагласено левичарски или деклатирано леви партии кои го штитат посебните интереси на големиот капитал или работодавачите. Таков пример е на пример последниот предлог на десничарската ВМРО-ДПМНЕ за “викенд без ДДВ за прехранбените артикли“. Ова е социјална мерка која би била многу покарактеристична за левите отколку за десните партии, изјави Небиу за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини