Небулоза е дека Заев и Ахмети договориле 32 проценти Албанци на пописот, тврди Пендаровски

од Nikola Popovski
199 прегледи

„Ако навистина верувате во небулозата дека некој може да го намести пописот, ако Ахмети и Заев навистина договориле 32% Албанци на пописот од куќа на куќа, тогаш јас ви кажувам дека десетпати полесно ќе го направат тој процест ако идат само на електронски попис“, истакна претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 24.

Според него, нашите датотеки ноторно се несигурни и не се пополнети со децении.

„Ако направиле саглам попис со новите технологии, можеме со мала политичка волја да ги исчистиме дури и за локалните избори, гласачките листови“, рече Пендаровски.

Тој посочи дека ги слуша повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично и тоа се сериозни прашања.

„Не гледам проблем, пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања, оние што се однесуваат во доменот на здравстото. Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем“, заклучува Пендаровски.

Слични содржини