Неда Арнериќ во тешка состојба префрлена на интензивна нега

од Марта Пешевска
137 прегледи
  Познатата српска глумица Неда Арнериќ синоќа во критична состојба била хоспитализирана во белградскиот Ургентен центар.

Српските медиуми наведуваат дека Арнериќ ја пронашол нејзиниот брат, кој, откако не му се јавила на телефон, отишол кај неа, ја нашол во безсознание и повикал итна помош.

Засега надлежните официјално не ги потврдиле овие наводи.