Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и ретки грмежи, пообилни во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. УВ-индексот ќе изнесува. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и повремени ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 19 степени.
Во среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Поголеми количини на воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјата, каде се очекува да наврнат над 50л/м2. Од четврток ќе преовладува променливо облачно, врнежливо, а во попладенвните часови повремено и нестабилно време со ретки грмежи. Тогаш и температурите благо ќе се покачуваат.
МОМЕНТАЛНА ВРЕМЕНСКА СOСТОЈБА
Во моментов нема нестабилност, а грмежи има само подалеку сосема на југ во Албанија. На повеќе места утринава има врнежи од дожд, и тоа во следниве мерни места:
Тетово и Пожаране во Полочкиот регион, Скопје Зајчев рид и Скопје Петровец, Штип, Ѓуриште и Берово кон истокот,а врнежи во изминатиот час имало и во Крива Паланка.
Повремени врнежи од дожд ќе има во Скопскиот регион во следните неколку часа и тие ќе бидат повремени и со умерен интензитет.
Во целина врнежите се со најчесто умерен интензитет и ќе продолжат и во следните часови, а ќе се задржат најмногу на запад, а потоа и на југ понатаму во денот.