Неделков: Членството на СОНК не ги сака понудените 10% повисока плата

од Nikola Popovski
236 прегледи

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков смета дека со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата.

Според него, се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот.

-Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е. Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,, понудата не важи,,. Не благодариме!, напиша Неделков на социјалните мрежи.

Претседателот на СОНК додава дека зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК.

Слични содржини